ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 10:54 PM

„Кисела насмевка“ – Изразот на Џенифер Лопез кога ја сретна поранешната на Афлек

Џенифер Лопез (52) и Бен Афлек (49) се сретнале лице в лице со неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер (49) во Малибу.

Поради изразот на лицето на Лопез, многу фанови сега зборуваат за овие фотографии, а како што коментираат – сето тоа не и било баш најпријатно.

Додека Гарнер беше уловена со повеќе од пријатен израз на лицето, оној што го имаше Лопез фановите го опишаа како „кисел“.

„Во ред, јасно е дека ова не беше најдоброто нешто што можеше да ѝ се случи“, „Гледате како Џен Гарнер убаво и искрено се смее, не можев да го кажам истото за Лопез“, „Гарнер е исклучително позитивна личност , може да се види дека не и пречеше „, Ау луѓе, само така изгледа на фотографиите“, се дел од коментарите.

Претходно истиот ден, Гарнер и Афлек беа во Хаклбери заедно со нивните деца.

– Сите се согласуваат и фокусот е секогаш на децата. Џенифер Лопез, Бен и Џенифер Гарнер сакаа децата да имаат неверојатна Ноќта на вештерките – изјави извор за „People“.

Извор: Телеграф.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1