ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 5:39 PM

Починаа десет лица во последните 24 часа, регистрирани 593 нови случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа направени се 3.391 тестирања, а регистрирани се 593 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 272, Куманово и Прилеп – по 39, Битола – 38, Велес – 27, Кавадарци – 25, Кочани – 22, Крива Паланка – 21, Тетово – 20, Штип – 15, Кичево – 10, Неготино и Пробиштип – по 8, Кратово – 7, Радовиш и Делчево – по 6, Демир Хисар – 5, Берово и Валандово – по 4, Гостивар и Гевгелија – по 3, Струмица и Крушево – по 2, Охрид, Струга, Свети Николе, Ресен, Македонски Брод, Македонска Каменица и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 10 починати лица од кои четири од Скопје (70г, 71г, 84г и 85г), по едно починато лице од Гостивар (77г), Кавадарци (81г), Прилеп (83г), Охрид (81г), Кочани (72г) и Штип (78г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови, соопшти Министерството за здравство.

Регистрирани сe 415 оздравени пациенти од: Скопје – 253, Прилеп – 23, Куманово – 21, Велес – 19, Тетово – 12, Кочани – 11, Крива Паланка, Штип и Пробиштип – по 9, Кавадарци и Струмица – по 8, Свети Николе – 6, Богданци – 5, Битола и Радовиш – по 4, Неготино – 3, Гевгелија и Виница – по 2, Кратово, Делчево, Демир Хисар, Валандово, Гостивар , Ресен и Македонска Каменица – по 1.

Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од „Мој Термин“, се пријавени четири починати лица со датум на смрт од 22.10.2021 до 30.10.2021.Регистрирани се по едно починато лице од Свети Николе, Крива Паланка, Прилеп и Штип на возраст од 46 до 87 години, од кои две се починати во болнички услови, а две се починати во домашни услови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1