ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 5:03 PM

До 2027 година невработеноста ќе падне на 11 проценти – Владата ја донесе Националната стратегија за вработување

Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 117-та седница ја донесе Националната стратегија за вработување 2021-2027 година со вклучен Акциски план.

Согласно трендовите на закрепнувањето на економијата и на пазарот на трудот, спроведувањето на Стратегијата е предвидено во две фази, од кои првата е пред сè фокусирана на ублажување на негативните последици на пандемијата од КОВИД-19 врз вработувањето и воведување на потребните реформи за почеток на втората фаза (од 2024 до 2027 година) на политиките, која е попрогресивна и насочена кон приближување до Стратегијата за вработување на Европската Унија.

Според проекциите за вработеноста, стапката на учество на вработените во вкупното население до 2027 година ќе се зголеми на 60 проценти, додека стапката на невработеност ќе опадне на 11 проценти за работоспособното население.

Националната стратегија за вработување е придружена и со Гаранцијата за млади, чиј план за спроведување ќе се преформулира во 2022 година за да се земе предвид постигнатиот напредок, влијанието на пандемијата врз вработувањето на младите и прилагодувањата воведени во Програмата за поддршка на младите на ЕУ со што се очекува значително поголемо вработување на младите.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1