ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 3:20 PM

(Видео) „Брат ми и сестра ми ги имам засекогаш“ – Се појави синот наречен Ќебе на Мајкл Џексон, бебето кое го покажа на балкон во Берлин

Најмладиот син на кралот на попот Мајкл Џексон, 19-годишниот Биги Џексон ги избегнува медиумите по смртта на неговиот татко, но направи исклучок поради важна тема со која се занимава.  Биги се појави во ретко интервју за „Добро утро Британија“ во кое зборуваше за темата климатски промени која деновиве е горлива тема во светот на политиката поради средбата на светските лидери во Глазгов. Биги на новинарите им ја покажа куќата и покажа неколку работи што му припаѓаат на неговиот татко, а се потсети и на неговото наследство 12 години по неговата смрт.

„Има многу одлични работи. Мислам дека има многу историја само во оваа куќа. Тоа е сè што тој сакаше. И тоа е сè што секој од нас сака да го прави – работи во кои луѓето можат да уживаат и што ќе им донесат благосостојба во живот“, рече Биги, порано позната како Бланкет, што во превод значи ќебе. Се присетил и што му рекол татко му нему и на брат му и на сестра му.
„Како што растевме, татко ми ми покажуваше сè низ куќата и велеше дека можевме да немаме ништо, но кога ќе ги погледнам брат ми и сестра ми, нив ќе ги имам засекогаш“, коментирал постариот брат на Биги, Принц (24).


Биги Џексон не планира да ги следи стапките на својот татко, а одамна заклучил дека нема ни талент за тоа. Претходно изјави дека сака да биде режисер, а снима кратки филмови и се занимава со боречки вештини. Имал само седум години кога починал татко му, но се сеќава на многу детали од животот. Отсекогаш му се восхитувал на својот татко и му одговара да живее далеку од очите на јавноста.

Да потсетиме, Биги е роден од сурогат мајка на 21 февруари 2002 година, а нејзиниот идентитет никогаш не беше откриен во јавноста. Џексон го нарекол својот син Бланкет, но пред четири години признал дека претрпел насилство од врсници поради прекарот. Кралот на попот му го покажа Биги на целиот свет кога го подигна над оградата на хотел во центарот на Берлин. Биги е детето на Џексон кое најмногу личи на него.

Јавноста не ни знаеше како изгледа со години бидејќи Мајкл, како и на неговиот брат и сестра, секогаш им држеше маска на лицето. Тоа го направил за неговите деца да имаат нормално детство.  Биги сега живее во Калабасас, Калифорнија, а се дозна дека минатата година, откако стана полнолетен, таму купил вила вредна 2,6 милиони долари.

Извор: dnevnik.hr

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1