ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 1:41 PM

Електронските цигари веројатно ќе одат на рецепт – Нови мерки за пушачите во Англија

Националната здравствена служба на Англија (НХС) наскоро може да почне да препишува рецепти за употреба на електронски цигари, како помош на луѓето кои сакаат да престанат да пушат.
Агенцијата за лекови ги повика производителите да достават производи за испитување и одобрување. Доколку се спроведе овој план, Англија ќе стане првата земја во светот која ќе препишува електронски цигари како здравствен производ, јави Би-би-си.
Претходните години имаше јавна расправа за тоа дали е-цигарите треба да се користат во борбата против пушењето.
Се проценува дека околу 3,6 милиони луѓе вo Англија користат е-цигари, а повеќето од нив се поранешни пушачи. Во оваа земја, во 2019 година, речиси 64.000 луѓе починале од последица од пушење.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1