ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/8/21 12:10 PM

Државните фирми трупаат загуби – МЖ Транспорт должи речиси 52 милиони евра, МЖ Инфраструктура над 16 милиони евра

Државните фирми тонат во долгови – имаат доспеани, а ненаплатени побарувања тешки стотина милиони евра. На листата Топ 10 прво е Акционерското друштво МЖ Трансорт кое до јуни годинава има долг од 51,7 милиони евра, а со голем долг тежок 16,3 милиони евра е и другата компанија од Железницата- МЖ Инфраструктура која има доспеани, а ненаплатени 16,3 милиони евра.

Акционерскот друштво Македонски енергетски ресурси до шестиот месец од годинава е во долгови од 23 милиони евра. Јавното претпријатие Колекторски систем Скопје должи 8,3 милиони евра.

Во сред енергетска криза, АД Елем само до шестиот месец од годинава има доспеани ,а ненаплатени побарувања од 3,3 милиони евра, додека пак ЕЛЕМ Турс ДООЕЛ е со долг од 1,3 милиони евра. Форт ДООЕЛ Осломеј за шест месеци од годинава има доспеани,а ненаплатени побарувања исто од 1,3 милиони евра. Единствено АД МЕПСО нема долгови до половината од годинава.

На листата од топ десет држанви компании со долгови е и ЈП Македонска радио телевизија со долг од речиси 6,7 милиони евра. Тука се и АД Македонски пошти со доспени и ненаплатени побарувања од речиси 1,6 милиони евра, додека пак АД Водостопанство должи 3,3 милиони евра. Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор пак има доспеани, а ненаплатени побарувања од два милиони евра.

Владата уште лани најави дека размислува дури и за приватизација на државните загубари кои со години трупаат загуби. Но, до сега не се преземени конкретни мерки за ниту едно од нив. За експертите, пак, лошото менаџирање и партиските кадри на чело на овие претпријатија, се главниот виновник за лошата финансиска состојба во која се држвните фирми. Иако законски нивните менаџери треба да понесат одговорност за лоши финансиски резултати, до сега немало санкции за ниту еден од државните директори.

(А.С.)

Фото: mzt.mk

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1