ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 9:30 AM

Тешко е да се каже-да, имав рак! Се сеќавате ли на Руби, сите беа вљубени во неа

Барбара Мори, која сите ја знаеме како Руби, со која улога си го обезбеди патот до ѕвездите, и денес е позната актерка и е многу привлечна и привлекува внимание каде и да се појави. Мексиканската теленовела наречена „Руби“ почна да се емитува ширум светот во 2000-тите. Улогата на палавата девојка Руби ја толкуваше Барбара Мори, која сега има 43 години, и која поради својот атрактивен изглед го задржа вниманието на гледачите и’ обезбеди голема популарност на серијата во светот.
Многумина сè уште ја сметаат за една од најубавите жени на светот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbara Mori (@delamori)


Руби стана баба на само 38 години, бидејќи нејзиниот тогаш осумнаесетгодишен син ја доби ќерката Мила со 12-годишната бразилска пејачка Наталоја Субтил. Мори често на својот Инстаграм профил докажува дека годините се само бројка.

Но, Барбара пред да наполни 30 години се разболе од лошата болест, рак на дојка.

– Многу е тешко да се каже: „Да, имав рак“. Поради некоја причина, Бог ме стави на тест и успешно го поминав. Се борев со болеста, го победив ракот и продолжувам понатаму – изјави таа за медиумите по тој период.

Барбара има пропаднат брак со Кенет Раџ Сигман, американски бејзбол играч кој траеше само една година, а сега е во врска со мексиканскиот режисер Фернандо Ровзар, кој го запозна во 2013 година.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1