ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/2/21 8:35 AM

Никогаш не сакав на Стефан да ја заменам мајка му – Во каков однос се Лепа Брена и првата сопруга на Боба?

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се во брак три децении, а јавноста секогаш ја интересирала врската на пејачката со првата сопруга на Боба, Зорица Накиќ и дали Зорица ја обвинува за пропаѓањето на бракот. Она што на сите им е јасно е дека Живојиновиќ и Зорица по разводот воспоставиле пријателски односи, но за врската помеѓу поранешната и сегашната сопруга се шпекулира подолго време.
Дека нема место за лоши односи, прво покажува фактот што Боба и Зорица се развеле пред тој и Брена да се заљубат, а во 1991 година да се венчаат, додека Зорица повторно се омажи за Иво Накиќ со кој има две деца. Без разлика на сето тоа, се шпекулираше дека на Зорица и пречи што Брена Филип го нарекува син, а Брена еднаш јасно го објасни тоа.
– Филип е момче на триесет години и целосно ја разбира целата ситуација. Имаме прекрасна врска. Никогаш во животот не сакав да ја заменам неговата вистинска мајка. Но, во текот на животот го третирав како син, и така го нарекував – пренесува Свет.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lepa Brena (@lepabrenaa)


Дека меѓу Брена и Зорица се е во најдобар ред говори и тоа што сите тие често поминуваат време заедно, но и фотографијата која пејачката своевремено ја објави на својот Инстаграм профил.

– Ние сме семејство – напиша Брена во описот на фотографијата.

Извор и фото: republika.rs/


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1