ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 9:35 PM

Поевтино ме чинеше одморот во Грција, отколку картите за нејзиниот настап – Обожавателите разочарани од Адел

Најпознатата британска пејачка Адел ги разочара фановите од својата земја бидејќи билетите за претстојниот концерт во Лондон се многу скапи!

Уметничката неодамна објави листа на датуми за концерти во 2022 година, што ќе биде нејзин прв настап во Англија од 2017 година. Таа ќе настапи на фестивалот БСТ Хајд Парк заедно со Елтон Џон, бендот Дуран Дуран и Перл Џем.

Иако нејзината публика со нетрпение го очекуваше овој настан, многумина се разочараа кога ја видоа цената на билетот. Најевтиниот билет за концертот чини 106 евра, а оние кои сакаат подобро место ќе треба да платат 130 евра!

Покрај вообичаените, има и „Златни“ билети чија цена е 320 евра и билети „Дијамант“ кои чинат дури 460 евра! Најскапите ВИП билети чинат 690 евра.

По објавувањето на цените, фановите збеснаа, а огорченоста ја споделија на социјалните мрежи.

– Ако сакаш да се чувствуваш сиромашно, оди и купи карта за овој концерт. Адел душо, те сакам, но не можам да си го дозволам овој билет – и рекол еден обожавател.

– Поминав пет дена во Грција за помалку пари отколку што чинат овие билети – напишал друг.

Но, имаше и такви на кои цената им беше „вистинска ситница“, а напишаа дека пејачката тоа го заслужи.

Извор: Курир.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1