ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 8:54 PM

(ВИДЕО) Се смееше покрај Трамп и ги превртуваше очите – Реакцијата на Меланија стана вирална

Поранешната прва дама Меланија Трамп присуствуваше на бејзбол натпреварот од Светската серија во саботата заедно со нејзиниот сопруг Доналд Трамп, а еден чуден момент меѓу нив стана вирален на социјалните мрежи.

Како што може да се види на видеото, Меланија и претходно била фатена како се смее покрај својот сопруг, само дел од секундата подоцна се свртела, насмевката исчезнала и ги превртела очите.

Корисниците на Твитер овој момент го сфатија како уште еден пример на Меланија која покажува незаинтересираност за својот сопруг, пишува „Business Insider“.

Таа претходно беше снимена како го удира во раката, ја вади нејзината од неговата рака и се оддалечува од него за време на фотографирањето.

„Кој друг има впечаток дека Меланија не може да издржи да го гледа својот сопруг“, напиша на Твитер поранешниот претседател на кампањата на Обама, Џон Купер.

Некои во коментарите беа дека „Меланија повторно удира“.

 

Медиумите пренесуваат дека ова е прво појавување на Мелани во јавноста од април. Двојката се пресели на Флорида во јануари откако Трамп ги загуби претседателските избори од Џон Бајден.

Во меѓувреме, имаше информации дека Меланија била „огорчена и ладна“ кон сопругот, но и „среќна и опуштена“ во животот по Белата куќа. Таа често била забележана во са центар, понекогаш и два пати на ден, објави претходно „Инсајдер“.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1