ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 8:09 PM

Најбрзата торта од само две состојки – Готова е за девет минути

Дали знаевте дека вкусна торта може да се направи само со две состојки?

Можеби звучи невозможно, но ваквите комбинации понекогаш се највкусни.

Доколку барате брза торта бидејќи наскоро ви доаѓаат гости, пробајте го овој рецепт.

Состојки:

4 јајца

250 гр чоколадо

Подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени. Чоколадото стопете го на пареа или во микробранова печка додека целосно не се стопи. Одделете ги жолчките од белките. Во цврст снег изматете ги со миксер белките. Во растопеното чоколадо постепено додавајте ги жолчките, па сè убаво измешајте.

Внимателно истурете ги белките во смесата со чоколадо и жолчка. Истурете ја смесата во немрсен калап за колачи од 15 см. Ставете да се пече во рерна на 30 степени 9 минути.

Послужете откако колачот ќе се излади. Пријатно!

Извор: Еспресо.ко.рс

Фото: Профимедиа


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1