ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 7:00 PM

Мајка ми шест месеци собираше пари за да ми купи маица – Актерот Андрија Милошевиќ за тешкиот период од детството

Актерот Андрија Милошевиќ како гостин во една емисија зборуваше за тешкиот период од детството и растењето во Подгорица.

„Почнав да работам на 16 години, имам 25 години работно искуство. Од почетокот имав желба да заработам, да работам и да се осамостојам“, започна Андрија.

„Мајка ми собираше 30 марки шест месеци за да ми купи маица со качулка. Но, тоа не беше трагично. Не го барав толку материјалното. Едноставно беше така, сакаш нешто како дете, но немаш услови за тоа. Имаше инфлација и војна, но некако успеавме да го преживееме тоа“, додаде актерот.

Актерот рекол дека како момче чувал овци во селото. Вели дека ниедна работа не му претставувала проблем. Подоцна се преселил во Белград, каде имал подобри деловни можности. Тој вели дека тоа било голема пресвртница во неговиот живот.

„Моето доаѓање во Белград беше нешто нормално. Ги познавав сите наши актери. Со 80 проценти од нив веќе глумев до дваесеттите. Од 16 до 20 години глумев со речиси сите најголеми југословенски актери“, заклучи Андрија гостувајќи во емисијата „Сценарио“.

Милошевиќ и неговата долгогодишна партнерка Александра Томиќ моментално го чекаат своето прво дете. И двајцата се среќни поради приновата која долго ја посакуваа.

Извор: Нова.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1