ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 4:54 PM

Дирекцијата за заштита и спасување спаси повредено лице над селото Маловишта

По телефонска дојава од дежурната служба на СВР Битола до Дирекцијата за заштита и спасување на 31 октомври 2021 година е побарано спасување на повредено лице.

ДЗС, како што информира, веднаш пристапи кон мобилизација на Тимот за брз одговор за спасување од планина.

-Лицето беше пронајдено од другата страна на планината кон преспанскиот дел под Манастирот „Свети Спас” над селото Маловишта. Пружена му е прва помош и со санитетско носило е транспортирано во ургентното одделение при клиничката болница на Битола. Лицето е во стабилна состојба и не е во животно загрижувачка состојба, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1