ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 4:17 PM

Вучиќ за оставката на Заев: Верувам дека тоа не е само поради изборите

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изрази уверување дека оставката на македонскиот премиер, Зоран Заев не е последица само на резултатите од локалните избори, туку и израз на лично разочарување од Европската унија. Вучиќ изјави дека во Глазгов разговарал со лидерите од регионот и станало збор за да тоа како да се зајакне иницијативата „Отворен Балкан“.

„Зборував со луѓето од регионот, со Еди Рама и за Отворен Балкан, по оставката на Заев дали ќе можеме да почекаме, да видиме што и како ќе направиме…Разговаравме за тоа како понатаму да ја зајакнеме иницијативата Отворен Балкан, да напредуваме“, изјави Вучиќ.

„Тој изрази уверување дека оставката на Заев не е последица на резултатите од локалните избори, туку следи и поради неговото лично разочарување од разговорите со ЕУ, со оглед на тоа дека беше ветувано отворање поглавја доколку се потпише Преспанскиот договор, но сепак тоа изостана.

„Разговаравме како да се поврземе, да соработуваме побрзо и повеќе“, додаде Вучиќ.

 

Извор:  novosti.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1