ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 2:17 PM

Ме направија кралица и на гласање и дома – Пејачката Зуица Лазова прослави роденден на избирачка кутија

Фолк пејачката Зуица Лазова 47. роденден го прослави на избирачка кутија. Таа заедно со останатите вчера славеше на избирачка кутија, бидејќи е претседател на ИЕ 2663,  во Училиштето „Кузман Јосифовски Питу“ во Кисела Вода. За среќа целата екипа завршила брзо, бидејќи како што вели таа,  добро биле организирани и го педале материјалот на време.

– Сите ми честитаа од општинската комисија. Дознале преку мој пријател и ми честитаа сите. Во 21 часот веќе бев тргната накај дома да славам и да дувам свеќи дома. Ова ми е најнеобичен роденднен. На избирачкото место отидов во шест наутро со кифли, сусамки и торта, а колегите ми дојдоа со поклончиња, навистина две членки на одборот ме изненадија,  рече Зуица и додаде:

-После дома ме чекаше ручек, баба Анастасија го имаше веќе направено, а децата и Наум со подароци. Навистина ме направија кралица. Кога дојдов дома имав подарок од Македонка, сет за кафе „Квин“ а од Наум и Стефан добив парфем „Квин“. Ете кралица сум. Но, искрено навистина вчера се чувствував така, а со подароците и ми потврдија дека сум кралица дома, ни рече таа.

Зуица вели дека ова и е најнеобичниот роденден иако досега неколку пати славела роденден на туѓа свадба, бидејќи ги забавувала гостите, па и носеле торта и на неа како на младенците.

А за добредојде на 47-ката таа вели:

-Ете наполнив 47 и убаво ми е. Нека се множат годините, ќе си ги носиме, само нека има здравје, тоа е најважно во оваа ситуација. Да се биде среќен со најблиските околу себе, друго не е важно. Ниту подароци, ниту место каде славиш, важно е покрај кого си и да има позитивна енергија, да сме среќни, вели Зуица.

(В.М.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1