ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 1:19 PM

Целосен прекин на железничкиот сообраќај, вработените ја бараат платата за септември

Машинскиот персонал во МЖ Транспорт АСД Скопје е во бојкот поради неисплатен втор дел од септемвриската плата, а во целосен прекин се товарниот и патничкиот железнички сообраќај, изјави денеска Душко Чакаровски, претставник на машинскиот персонал.
Чакаровски рече дека товарниот сообраќај е намален за 90 проценти уште во саботата по 15 часот, а утринава од 7 часот е во целосон прекин патничкиот сообраќај. Според возниот ред, прв од патничките возови што според најавите нема да тргне е на релацијата Скопје-Велес, што беше предвиден за 09.20 часот.
„Бојкотот ќе трае се до исполнување на поставеното барање за исплата на вториот дел од септемвриската плата“, изјави Чакаровски.
Прекин на железничкиот патнички и товарен сообраќај имаше на почетокот на август годинава поради неисплатен втор дел од платата за јуни. Откако беше исполнето барањето претставниците на машинскиот персонал го прекинаа бојкотот, но најавија повторни блокади ако не се реализира обврската за исплатата на платата најдоцна до 25-ти во месецот.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1