ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 12:43 PM

Аплауз и поклон за уметниците – Лондонска филхармонија го крена на нозе Истанбул

ВВчера во Културниот центар АКМ се одржа концерт од Лондонската филхармонија, кој исто така е дел од  свеченоста на неговото отворање. Салата беше преполна од жителите на Истанбул, љубители на овој вид музика, заедно со странските гости, имаа можност повеќе од два часа да уживаат и да не штедат на аплаузи.

Лондонската филхармонија, која се смета за еден од најдобрите симфониски оркестри во светот, со речиси 100 музичари, изведе репертоар посветен на новата сцена. „Хајдар Хајдар“, компонирана од Озкан Манав за оркестарот , исто така е вклучена во програмата, а тоа значи дека за прв пат Лондонската филхармонија изведе дело на турски композитор.

Солист на концертот, предводен од британскиот диригент со италијанско потекло Робин Тичиати, беше пијанистот Франческо Пиемонтези, кој се смета за еден од најдобрите живи интерпретатори на музиката на Моцарт.

Колку публиката беше задоволна од она што го виде и слушна покажува и аплаузот и поклонувањето , надвор пред Културниот центар, додека уметниците си заминуваа. Не само што се поклонуваа на сцена, тие се поклонуваат и пред автобусот, пред да си заминат.

Весна Миленковска


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1