ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 12:40 PM

РКЕ: Бензините поскапи за половина денар, дизелот поевтин за исто толку

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) денеска донесе одлука за зголемување на цените на бензините за половина денар и за намалување на цената на дизелот и на екстра лесното масло за домаќинство, исто така, за половина денар.

Според одлуката, малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 0,50 денари за литар и од вечер на полноќ, па во наредните седум денови, ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе се продава по 77 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 79 денари за литар. ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе чини 68 денари за еден литар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се продава за 67,50 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,242 денара за килограм и сега ќе изнесува 42,135 денари.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1