ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 12:11 PM

Оставката на Заев се уште е Фејсбук оставка, не стигнала до Собранието, рече Никола Мицевски од ВМРО-ДПМНЕ

Оставката на премиерот Зоран Заев се уште не е стигната до Собранието на Република Северна Македонија, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски после  редовната координативна средба кај претседателот на парламентот, Талат Џафери.

– Утрово имавме координација за пратеничкиот состав. Се зборуваше за констатација за оставките на оние пратеници кои станаа градоначалници и за оние што треба да дојдат на нивното место.  Она што го разбравме на координацијата е дека оставката на Зоран Заев е се уште Фејсбук оставка и писмото не е стигнато до претседателот Џафери. Во зависност од писмото ќе се знаат и процедурите кои ќе почнат. Согласно Уставот, претседателот Стево Пендаровски е должен во рок од десет дена да го даде мандатот на мандатар кој ќе приложи одредено мнозинство од 61 пратеник – истакна Мицевски.

Претседателот на Собранието Талат Џафери свика седница за верификација на мандатите на новите пратениците кои треба да ги заменат досегашните парламентарци кои беа избрани за градоначалници, откако ќе се добијат официјалните резултати од Државната изборна комисија. Местата на избраните градоначалници во Собранието треба да ги заземат следните кандидати на листата на политичките партии.Тоа е договорено на денешната редовна координација на Џафери со претставници на политичките партии.

На локалните избори за градоначалници се избрани Костадин Костадинов од СДСМ, Дарко Костовски, Тимчо Муцински, Иван Јорданов и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ и Биљал Касами од БЕСА.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1