ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 12:23 PM

Данела Арсовска и Жаклина Јовановска-единствени жени градоначалнички

Арсовска и Јовановска се единствени жени кои ќе раководат со локалните самоуправи, од вкупно 80 општини и Градот Скопје. Град Скопје првпат доби градоначалничка, откако независната кандидатка Данела Арсовска го победи противкандидатот Петре Шилегов, кој раководеше со Градот во изминатите четири години.

Вчера победи и Жаклина Јовановска, која и досега беше градоначалничка на Старо Нагоричане.

Според родовата застапеност, од вкупниот број кандидати за градоначалници на локалните избори 2021, 91,64 проценти беа мажи, а само 8,36 отсто жени.
Имаше 572 кандидатски листи за членови на општинските совети, со вкупно 10.532 кандидати, од кои 55 проценти беа мажи, а 45 проценти жени.

Се уште нема анализа на податоците за бројот на жени-советнички во советите на општините и во Градот Скопје, а од ДИК најавија дека со такви податоци ќе излезат по конечното завршување на изборниот процес.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1