ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 10:27 AM

Се одржа изложбата „Перото – инспирација за уметничката четка“ во Институтот за култура и уметност при МСУ (галерија)

Вчера со почеток од 20:00 часот се одржа изложбата од ликовниот конкурс „Перото – инспирација за уметничката четка“ организирана од Институтот за култура и уметност при МСУ. Делата беа изложени во дворот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе, а целиот настан се пренесуваше и виртуелно, преку платформата Zoom.

Конкурсот беше спроведен преку Фејсбук и Инстаграм профилите на Институтот за култура и уметност при Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“. На конкурсот пристигнаа 302 дела, а делата се испраќаа во форма на фотографија.

Главната цел на проектот беше да ги мотивираме и инспирираме луѓето од различни културни пејзажи, различни родови, возрасни групи да се поврзат токму преку читањето на книгата и да создадат уметнички дела без оглед на нивното досегашно искуство за уметничко изразување со четка.

Изложбата ја отвори директорката на Институтот за култура и уметност при МСУ, проф. д-р Соња Ризоска Јовановска.

Проектот е поддржан од Министерството за култура како проект од национален интерес за 2021 година.
Преку овој конкурс учесниците можеа да насликаат илустрација за својата омилена книга и да се изразат со стилот којшто го сакаат.

Банер за Супер7
1x1