ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 11:53 PM

ДИК ги објави целосните податоци од 21 општина

Во 21 општина заврши броењето на гласовите од вториот круг на локалните избори 2021. Државната изборна комисија (ДИК) ги објави првичните неофицијални резултати.

Според веб апликацијата на ДИК, во Арачиново Ридван Ибраими од ДУИ освои 50,75 проценти од гласовите, наспроти Меликије Халими од СДСМ – 47,82 отсто од гласовите.

Во Боговиње Бесник Емши од ДУИ доби 62,29 отсто, а неговиот противкандидат од АА/А Аљбон Џемаили 36,36 проценти.

Во Василево Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ има 49,22 проценти од гласовите, а Марјан Јанев од СДСМ 48,84 отсто од гласовите.

Во Вевчани Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ има 50,41 отсто од гласовите, а Сашо Јанкоски СДСМ – 46,88 проценти.

Во Гевгелија Андон Сарамандов од ВМРО-ДПМНЕ има 56,88 проценти од гласовите пред Сашо Поцков од СДСМ со 38,67 отсто од гласовите.

Во Дебарца Зоран Ногачески од ВМРО-ДПМНЕ има 52,81 отсто од гласовите, а Игор Крцоски од СДСМ има 44,74 проценти од гласовите.

Во Демир Капија Лазар Петров од СДСМ освои 49,93 проценти од гласовите, а Андон Донев од ВМРО-ДПМНЕ 48,47 отсто од гласовите.

Во Демир Хисар Никола Најдовски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,75 отсто од гласовите, а Стевче Митревски од СДСМ 46,76 проценти.

Во Зелениково Коста Маневски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,64 проценти од гласовите и Борче Гиевски од СДСМ – 46,26 отсто од гласовите.

Во Конче Златко Ристов од ВМРО-ДПМНЕ освои 49,93 проценти од гласовите, а Благој Илиев од СДСМ 48,89 отсто од гласовите.

Во Кратово Тодорче Николовски од ВМРО-ДПМНЕ освои 59,92 проценти од гласовите, пред Влатко Бојковски од СДСМ  со 36,34 отсто од гласовите.

Во Лозово Бошко Цветковски од ВМРО-ДПМНЕ има 49,94 проценти од гласовите, а Ацо Велковски од СДСМ 47,45 отсто.

Во Ново Село Ѓорге Божинов од ВМРО-ДПМНЕ има 51,05 отсто од гласовите, аЗвонко Ангелов од СДСМ 47,06 проценти од гласовите.

Во Пехчево Александар Китански од ВМРО-ДПМНЕ 51,20 отсто од гласовите, а Славчо Пандурски од СДСМ 45,98 проценти од гласовите.

Во Ранковце Борче Спасовски од ВМРО-ДПМНЕ има 51,54 проценти од гласовите, Даниел Крстевски од СДСМ 46,45 отсто од гласовите.

Во Росоман Стојан Николов од СДСМ има 53,65 проценти од гласовите, а Тихомир Николов од ВМРО-ДПМНЕ има 44,31 отсто од гласовите.

Во Старо Нагоричане Жаклина Јовановска од СДСМ има 55,49 отсто од гласовите, а Власте Димковиќ од ТМРО 44,98 отсто од гласовите.

Во Студеничани Азен Садики од ДПА има 49,73 отсто од гласовите, а Ејуп Абази од ДУИ 49,02 проценти од гласовите.

Во Теарце Нухи Незири од ДУИ има 55,86 отсто од гласовите, пред Назим Таити од Алијанса и Алтернатива со 42,39 проценти од гласовите.

Во Чашка Горан Стојановски од СДСМ има 56,07 проценти од гласовите, пред Суат Шаќиров од ДУИ 41,78 отсто од гласовите.

Во Чучер Сандево: Сашко Комненовиќ од СДСМ има 50,73 проценти од гласовите, а Јован Пејковски – независен 46,78 отсто од гласовите.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1