ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 10:45 PM

Зоран Заев поднесе оставка од премиер и од претседател на СДСМ

Премиерот Зоран Заев поднесе оставка од претседателското место во СДСМ и од досегашната функција на премиер во Владата и врз себе ја презеде одговорноста за поразот на кандидатите за градоначалници од опозицијата на локалните избори.

„Поднесувам оставка од премиер и од претседател на СДСМ. Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегреирана Северна Македонија. Ја преземам одговорноста. Им честитам на сите избрани градоначалници и советници. Воопшто не е тешко заминувањето од политиката. Сум донел слобода и демократија во нашата земја, тоа значи и преземање на одговорност. Сакам да оставам печат, народот да се учи и расте во демократски капацитет. Можеби не сум во право, ќе покаже времето, ред е граѓаните да поддржуваат политичари кои можат да носат тешки и храбри одлучи, без да се водат од политичкиот рејтинг или за својата фотеља. Јас ја преземам одговорноста за лошите резултати“, изјави Заев на прес конференција во седиштето на СДСМ.

Тој остана на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.

„Горд сум што ја внесовме земјата во НАТО, а кај мене има разочараност, затоа што мнозинството од народот го избраа оние кои сакаа да убиваат во парламентот“, додаде Заев.

На прес-конференцијата во партиското седиште на СДСМ кусо се обрати и досегашниот градоначалник на Скопје Петре Шилегов, кој го призна поразот и ѝ ја честита победата на неговата противкандидатка Данела Арсовска.

Сопартијците на Заев кои присуствуваа на прес конференцијата, веста ја примија со неверување и насолзени очи и на два пати го поздравија со аплауз.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1