ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 4:50 PM

Групно гласање, агитирање, пеење народни песни на избирачко место – ЦИВИЛ евидентира повеќе нерегуларности и нетрпеливост кон набљудувачите

Групно или семејно гласање (во Бутел на избирачкото место 2919/1 и во Куманово на избирачките места 1017/1 и 1042), агитирање за гласање, пеење народни песни на избирачко место, гласно изговарање на имињата на гласачите. Ова се само некои од неправилностите во текот на вториот изборен круг што ги регистрира ЦИВИЛ денеска до 14 часот.

ЦИВИЛ евидентира и проблеми со фингер апаратите, повреда на избирачко право на лица со попреченост, како и повреда на КОВИД протоколите и непочитување на мерките за време на гласањето (две избирачки места во една просторија).

Како што рече Џабир Дерала на прес-конференција, овој втор круг од локалните избори е потензичен.

-За жал, овој втор круг беше уште пожесток во смисла на црната пропаганда. Политичките опоненти се обвинуваа, служејќи се со највалкани средства во јавната комуникaција. Тоа остави темна дамка на процесот во целост, истакна Дерала, одговорајќи на новинарско прашање.

Според него, прв пат на овие избори е забележана голема нетрпеливост кон набљудувачите. Ако досега имало по седум до десет или 30 случаи кога набљудувачи биле попречувани од избирачките одбори, сега, само во првиот круг се регистрирани 76 такви случаи, што е повеќекратно зголемување.

Дерала соопти дека во на избирачкото место 2589 во Ѓорче Петров на набљудувачот на ЦИВИЛ му било приговорено дека носи беџ без име и презиме иако според кодексот објавен на ДИК, стои дека е доволно набљудувачите да носат беџ од органзиацијата и лична исправа. Во ОУ „Пенко Здравковски” во Бутел, пак, на избирачкото место 2919, неовластено лице без ознака и идентификација се обдидело да легитимира набљудувач на ЦИВИЛ, но ова недоразбирање е, сепак, надминато.

-За да се попречи набљудувањето или од незнаење се бараат нови и нови работи од нашите набљудувачи и тоа не е демокртатски и упатно, ние сме тука да помогнеме во изборниот процес, подвлече Дерала.

Во однос на нерегуларностите, Дерала наведе неколку случаи: во Кочани во градинка, на избирачко место 0835 гласач јавно го покажал ливчето пред да го пушти во кутијата и јавно кажал за кого гласал, набљудувач на политичка партија на избирачко место 1786 во Ново Село разговарал гласно и давал насоки на некого – „да дојдете да гласате со сестра ти”,  во село Лескоец на 1307, гласач пеел народни песни, а потоа почнал да се обраќа недолично кон лицата на избирачкото место, во Демир Капија во село Барово на 1248 гласачки параван за лица со попреченост бил поставен на прозорецот како заштита од сонце,…

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1