ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 3:59 PM

Најголема излезност до 15 часот има во Вевчани, над 60 отсто, најмала во Сарај

До 15 часот во вториот круг на локалните избори своето право на глас го оствариле 34,22 отсто од гласачите. Најголема излезност има во Вевчани – 66,54 отсто, Ранковце 60,15, а со над 50 отсто излезност се Демир Капија, Конче, Демир Хисар, Пехчево, Дебар, Лозово, Македонски Брод и Чашка.

Најмалата излезност се уште е во Сарај, со 16,30 отсто.

Претседателот на ДИК Даштевски информираше дека до ДИК досега стигнале вкупно 311 приговори за повреда на личното избирачко право. Од нив нив прифатени се 268, одбиени се 25, а 18 од гласачите ги имало во избирачкиот список.

Даштевски вели дека нема пријави за неправилности или технички проблеми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1