ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 2:01 PM

Излезноста до 13 часот е 24,87 отсто и е поголема отколку во првиот круг

До 13 часот во земјава гласале 269.674 граѓани, а излезноста во вториот круг на локалните избори е поголема од онаа во првиот круг и изнесува 24,87 отсто. Над 50 отсто излезност има во Вевчани, а над 40 отсто  во Ранковце, Демир Капија, Конче и Пехчево. Најмала излезноста се уште е во Сарај, со под 10 отсто.

Претседателот на ДИК, Александар Даштевски, информираше дека од претходната прес-конференција во 11:30, до сега нема пријавено проблеми со уредите за биометриска идентификација и гласањето се одвива нормално.

Даштевски апелираше до Општинските изборни комисии и до Избирачките одбори внимателно да се однесуваат со набљудувачите и новинарите, затоа што до нив стигнале информации дека не се однесувале коректно со нив, а некаде не биле ни пуштени да влезат.

До ДИК стигнале вкупно 178 приговори за повреда на избирачкото право, 157 се прифатени, а 12 се одбиени.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1