ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/1/21 10:46 AM

(Видео- галерија) Секој што ја сака уметноста тука ќе најде место – Што се содржи големиот центар „Ататурк“ во Истанбул

Специјално за ММС од Истанбул, Весна Миленковска

 

Ден по големото отворање на Културниот центар „Ататурк“, министерот за култура и туризам, Мехмет Нури Ерсој, ги повика странските новинарски екипи, меѓу кои беше и ММС,  заедно да го погледнат ова место, кое претставува гордост на Турција.

На средбата со новинарите тој истакна дека целосно е реконструирана за 2,5 години од страна на Министерството за култура и туризам по цена од 2 милијарди лири, дека посетителите може да уживаат во Операта од 49.000 квадратни метри и 2040 седишта опремена со најсовремена технологија и дека центарот располага со театарска сала од 16.300 квадратни метри, со 802 седишта, галерија од 410 квадратни метри и повеќенаменска сала,  приближно 100.000 квадратни метри, на кои се сместени галерија, повеќенаменска сала, детски уметнички центар, музичка платформа, студио за снимање музика и библиотека дизајнирана како информативен центар.

По завршување на прес конференцијата министерот со сопругата и гостите направи обиколка на сето она што е сместено во АКМ, и што го прави центарот место за гордост и уживање во уметноста и културата. Затоа и со право се очекува да биде главна атракција за жителите на градот и илјадници туристи кои го посетуваат од целиот свет.

Како добри домаќини обиколката на Центарот беше проследена со турско кафе и чај, воодушевување низ галеријата, библиотеката, изложбата…

 

 

Министерот за култура и туризам, Ерсој, ги покани новинарите и заедно да ја посетат изложбата за дигитална уметност „Моне и пријатели“ во Галата порт, на која можеа да се види Париз од 19 век на дигитални платна прикажани низ четките на Моне, Писаро, Реноар, Сезан и многу други.

Grande Experiences ги претставува Моне и пријателите – Живот, светлина и боја, уникатно искуство преплавено со живописни визуелни слики и музичка партитура. „Моне и пријателите“  ги истражува животите и делата на Клод Моне, ги оживува сликите преку  светлина и звук што, веројатно,  ниту самите импресионисти не можеле да ги замислат.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1