ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/31/21 9:33 AM

(Видео) Пулсот на уметноста ќе чука 24 часа – ММС ве води на отворање на Културниот центар „Ататурк“ во Истанбул

Специјално за ММС, Весна Миленковска

 

 

Во Истанбул со свечена церемонија беше отворен Културниот центар „Ататурк“ (Atatürk Kültür Merkezi), на која присуствуваше претседателот Реџеп Таип Ердоган, министри, познати јавни фаци, но и гости и новинари од целиот свет. Отворењето беше по повод 98 годишнината од создавањето на модерна Турција, односно по повод 29 Октомври, националниот празник Ден на Републиката.

Претседателот Ердоган свечено го отвори Културниот центар „Ататурк“, на кое меѓу другото рече:

Фото: Агенција Анадолија

-Се стремиме да го отплатиме нашиот долг кон основачите на нашата република поставувајќи ги нашите цели за 2023 година, секако работејќи дење и ноќе за да ги постигнеме тоа.

Никој нема да нè спречи  за да ги постигнеме целите за 100-годишнината. Културниот центар Ататурк ќе биде место каде што чука пулсот на културата и уметноста на Турција, рече тој.

АКМ е една од најважните инвестиции на културната патека Бејоглу,  и еден од најголемите уметнички и културни проекти на Министерството за култура и туризам на Турција до сега. Центарот го означува почетокот на културната авенија, а со неговото повторно отворање започна и Меѓународниот фестивал на културната патека во Бејоглу, исто така организиран од Министерството за култура и туризам на Република Турција.

Културниот центар почнал да се реновира пред 2.5 години, за да денес новата зграда содржи пет згради, во кои се сместени оперска сала со над 2.000 седишта, театарска сала, уметнички галерии, библиотека… Центарот ќе работи 24 часа, а се очекува да биде главна атракција за жителите на градот и илјадници туристи од целиот свет.

Веднаш по свеченото отварање на истата сцена беше и премиерата на операта „Синан“, специјално компонирана за овој ден, на барање на претседателот Ердоган,  а посветена на  славниот османлиски архитект Мимар Синан,кој зад себе има дела  кои и ден денес ја одбележуваат историјата на цела Турција, особено во Истанбул.

Публиката преку оваа дело добива можност да се запознава со настаните што се случувале за време на изградбата на џамијата Михримах Султан и џамијата Сулејманије. Исто така се опфатени и османлиските победи, традицијата да се биде голема држава и духовните вредности на позадината на пријателството на Сулејман Величествениот и Мимар Синан.

Она што се случуваше внатре, можеше да го гледа и големиот број публикат на Таксим плоштадот, кои уживаа во местото за средби на луѓето не само во Истанбул и Турција, туку и на посетителите од целиот свет и од различни култури.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1