ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/21 7:34 PM

Руски тинејџер загинал на шини: На семејствoто му било побарано да ги плати трошоците за поправки на возот

Една жена од Русија наводно мора да плати за поправки на воз со кој бил усмртен нејзиниот син. Поради големиот притисок во јавноста сепак, фирмата го повлече своето барање – објави RT.

Во сопштението доставено до медиумите, осигурителната компанија наведува дека сака да ја врати сумата од околу 400 илјади рубљи (5645 долари) која ја платило семејството на момчето по трагедијата која се случила во 2019 година. Иако компанијата инсистирала дека е правно обврзана да собере средства во име на своите клиенти, во соопштението се наведува дека за жал „автоматскиот процес на собирање пари не ги зема предвид социјалните последици во однос на одредена личност или фамилија“.

Како што се наведува, компанијата наводно не е домашна. Одговорот на компанијата, која беше објавен на една од телевизите, наиде на бес кај јавноста бидејќи деталите за овој случај испливаа на површина неодамна.

Имено, 15-годишно момче, син на спомената Русинка, загинало додека преминувало преку пруга на железничка станица во близина на Москва. Момчето носело слушалки па не слушнало дека возот пристигнува. Телото на тинејџерот чие име не е објавено, е отфрлено на околу 50 метри. Момчето починало  пред лекарите од итната медицинска помош да пристигнат.

Компанијата Rosgosstrakh за трошоците за поправка по фаталната несреќа решила сумата за отштетата да ја добие од семејството на момчето, наведувајќи дека ги прекршило правилата на железничката станица.

„За да ги избегнете судските трошоци, морате да платите износ од 400,972.37 рубљи вo рок од десет дена од денот на приемт на oва писмо“, наводно било посочено во известувањето дставено до семејството по несреќата.  После се’, сега компанијата разгледува кој е најдобриот начин да му ги врати парите на семејството.

Фото: Илустрација / Drew Farwell /- Unsplash


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1