ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/21 4:00 PM

Ловџија починал откако бил застрелан од пријател во лов

Шеесет и седумгодишен маж од селото Лопате починал откако го застрелал ловџија од куманово.

Кумановецот И.С.(59) сам го пријавил случајот во полиција, каде изјавил дека денеска во 08 часот во с.Габреш на место викано Островица, пукајќи во лов го застрелал Ч.Р.(67) од с.Лопате. Застреланиот всушност и самиот бил ловџија, а оној кој го ранил бил негов пријател.

Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција – соопштија од МВР попладнево.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1