ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/30/21 1:27 PM

Почина 23-годишна девојка од коронавирус, хоспитализирана во велешкиот ковид центар

Дваесет и тригодишна девојка од село Иванковци почина од коронавирус во велешкиот ковид центар. Девојката имала и други болести, кои придонеле за влошување на состојбата  –  објави порталот batali.net.

Од Министерството за здравство пак, за ММС велат дека пациентката пациентката не била вакцинирана, а имала неколку хронични заболувања. Прашавме какви коморбидитети имала, како и кога дошло до влошување на состојбата, но одговор на добивме.

Во меѓувреме во Болницата во Велес се хоспитализирани 38 пациенти, што е за четири помалку од вчера, од кои 28 имаат позитивни тестови, еден пациент е сомнителен на вирусот, а девет пациенти се негативни на ПЦР тестовите, но се уште имаат потреба од болничка нега. На кислородна поддршка се 19 пациенти.

На инфективното оддееление се сместени 20 пациент, во модуларната болница има 14 пациенти и на интерното одделение од ковид-19 се лекуваат четири пациенти.Тројца нови пациенти се хоспитализирани поради компликации од ковид-19 денеска на инфективното одделение во велешката болница. Шест пациенти се отпишани со по еден негативен тест.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1