ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 7:22 PM

Суперхерој: Стоматолог патува низ светот и на сиромашните им ги поправа забите – Не наплаќа, само бара широка насмевка

Фелипе Роси (39) е бразилски стоматолог кој покрај отворањето на хуманитарната организација „Por1sorriso“ во 2016 година, заедно со својот тим бесплатно ги поправа забите на сиромашните луѓе ширум планетата.

Овој човек е доказ дека секој може да биде суперхерој, без разлика на неговата професија, а како што нагласува, не се важни парите, туку среќата и самодовербата кои ги враќаат луѓето.

– Здравите и убави заби не прават да се чувствуваме добро не само физички, туку и психички. Кога имаш убава насмевка и заби, логично е дека самодовербата ќе ти биде поголема – изјавил Фелипе, кој на многумина им направил истовремено солзи и насмевка на лицата.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Por1sorriso (@por1sorriso)

Фелипе верува дека треба да го посвети својот живот на нешто што е добро за заедницата, а неговата визија го однесе надвор од границите на Бразил. Овој стоматолог најчесто ги посетува сиромашните земји, како Кенија и Мозамбик, каде им помага на луѓето да добијат нова насмевка и не им наплаќа за своите услуги.

Дека на светот му требаат луѓе како него, докажуваат и насмеаните фотографии на луѓе на кои Фелипе им возврати светла и широка насмевка.

Тери Ример е една од многуте пациенти на кои овој човек им помогна, а таа одлучи да ја сподели својата приказна со остатокот од светот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Por1sorriso (@por1sorriso)

– Операцијата беше толку сложена што ми требаа неколку месеци да закрепнам. Секојдневно живеев со големи болки, па дури и лековите што морав да ги земам предизвикуваа болки во стомакот – изјави Тери.

Филипе им помогнал на многу луѓе, а останува надежта да ја продолжи својата работа.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1