ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 4:54 PM

Уживајте во сонцето за време на викендот, од вторник промена на времето

Утре по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има услови за појава на магла, преку денот сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 15 до 20 степени.

Во Скопје, наутро со слаба магла, а преку денот сончево со слаб јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 17 степени.

До понеделник ќе се задржи стабилно време, по одделни котлини и речни долини во утринските часови ќе има појава на магла и ниска облачност. Врнежи од дожд проследени со засилен јужен ветер се очекуваат во вторник.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1