ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 2:08 PM

На покривот на ГТЦ ќе се гради соларен систем за производство на струја

Систем за производство на електрична енергија од Сонце на покривот на Градскиот трговски центар ќе градат АД ЕСМ и АД ГТЦ. Фотоволтаиците ќе бидат поставени на покривниот простор, кој во моментот е неискористен и кој во иднина ќе се употребува за производство на зелена енергија во срцето на градот, соопштија од АД ЕСМ.
Со изградба на фотоволтаиците на покривот на ГТЦ ќе се постигне одржлив развој и ќе се намали негативното влијание врз животната средина.
Меморандумот за соработка го потпишаа генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и извршниот директор на АД ГТЦ, Ѓоко Трајчевски.

Зафатот е во рамки на реализацијата на Стратегијата за развој на енергетиката 2021-2025 година,  еден од приоритетите на енергетската политика на АД ЕСМ, а тоа е енергетска трансформација со проширување на производствени капацитети од обновливи извори на енергија, посебно сончева, информираат од ЕСМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1