ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 12:35 PM

Од недела ќе спиеме подолго, но дали ќе бидеме и поодморени?

Во недела, 31 октомври, започнува зимското сметање на времето. После полноќ стрелките на часовникот ќе се вратат еден час наназад, од 3 на 2 часот. Тоа значи дека ќе спиеме еден час повеќе, но дали ќе се разбудиме поодморни или промената на досегашниот ритам ќе влијае врз нас?
Поместувањето на часовникот за 60 минути наназад изгледа како мала работа, но тоа може да влијае врз нас и нашиот организам. Тоа е главно физичко влијание и повеќето луѓе чувствуваат помали промени.

Кога се менува циклусот на денот и ноќта, тогаш заедно со тоа се менува и нашиот билошки ритам за да се приспособи телото. Во него се случуваат помали промени бидејќи поголем дел од хормоните и однесувањето, сонот, гладта, нивото на енергија и имунолошкиот систем, се поврзани со нашиот телесен часовник врз кој влијае циклусот на денот и ноќта. За среќа, физичките промени траат само неколку дена и потоа повторно ќе се чувствувате нормално.
Што се може да предизвика поместувањето на часовникот?
– Немирен сон
Истражувањата покажале дека повеќето луѓе иако се свесни за промените, одат на спиење подоцна. Ова најмногу ги погодува љубителите на спиење. Поголеми се шансите дека лицето ќе се буди повеќе пати во текот на ноќта, рано да станува, да биде со намалена концентрација и зголемен стрес.
-Намалена сигурност при возење автомобил
Поради недоволното спиење и чувството на умор, возачите многу лесно губат концентрација и имаат успорени реакции. Ако се чуствувате ненаспани, пијте шолја кафе пред да седнете зад воланот.

– Опасност од срцев удар
Студија од 2014 година спроведена врз над 42 илјади лица покажа дека падот на бројката на срцеви удари е за 21 отсто во неделата, после поместувањето на часовникот. Интересно, ризикот од иста болест расте за 24 отсо кај преминот на летното сметање на времето.

– Подобро расположение

Спиењето еден час помалку има и позитивна страна. Докторите тврдат дека изложеноста на првите утрински сончеви зраци е најдоборото што може да ви се случи за вашето расположение и да ве натера да излезете в зори на утринското сонце.
– Пад на концентрацијата
Може да имате помалку концентрација на работното место, посебно во првата недела од поместувањето на часовникот. Добрата вест е дека организмот брзо ќе се приспособи на оваа промена.
Секој последен викенд во октомври се поместува часовникот за еден час наназад и тоа зимско сметање на времето е регулирано според Законот за сметање на времето. Тоа се случува два пати во годината, во март, со летно сметање на времето, и во октомври.
Европскиот парламент изгласа дека од 2021 година оваа практика ќе прекине, но тоа не се случи.

Извор и фото : Kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1