ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/29/21 8:26 AM

Во Албанија утрово серија земјотреси, почувствувани и во западниот дел од земјава

Четири земјотреси од кои најсилниот со интензитет во епицентарот од 4,7 степени, според Рихтер, се почувствувани утринава во западниот дел на земјава.

Првиот земјотрес бил во 8:05 часот со интензитет од 3,3, вториот од 2,7 степени бил четири минути подоцна, третиот и најсилен од 4,7 степени бил во 8:10 часот, а последниот од 3,6 степени во 8:11.
Според податоците од Европско – медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на земјотресите бил на 18 километри западно од Центар – Жупа и 49 километри североисточно од Тирана, на длабочина од 10 километри.

Земјотресите најмногу се почувствувал во Дебар и во Ростуша, како и низ целиот западен дел од земјава, а со послаб интензитет и во Скопје и околината.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1