ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 3:51 PM

Евтин антидепресив го намалува ризикот од долга хоспитализација кај пациенти со Ковид

Евтин антидепресив ја намалува потребата од хоспитализација кај високоризичните возрасни пациенти со Ковид-19 покажуваат клиничките испитувања, јавија американските медиуми. Научниците испробале лек против депресија и опсесивно-компулсивно нарушување врз пациенти бидејќи за него имало податоци дека го намалува воспалението и дал ветувачки резултати во мали студии.

Резултатите беа споделени со американскиот национален институт за здравје, а авторите на студијата се надеваат дека терапијата ќе биде препорачана од Светската здравствена организација.

– Доколку СЗО препорача, ќе биде широко користен, вели коавторот на студијата д-р Едвард Милс од Универзитетот МекМастер во Хамилтон, Онтарио, Канада. Тој додаде дека сиромашните земји ќе можат брзо да го употребуваат лекот.

– Се надеваме дека ова ќе ги спаси животите на многу луѓе, рече тој. Лекот Флувоксамин чини четири долари. За споредба, терапија со антитела е околу две илјади долари додека експерименталниот лек на Мерк за Ковид-19 е со цена од околу 700 долари.

Истражувачите го дале антидепресивот на 1.500 Бразилци заразени со новиот коронавирус.

Резултатите се објавени во Лансет глобал хелт.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1