ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 1:53 PM

ЕУ во 2022 ќе произведе 3,5 милијарди анти ковид вакцини

Европската унија идната година ќе произведе повеќе од 3,5 милијарди дози на вакцина против ковид-19, изјави денеска претседателката на ЕУ, Урсула вон дер Лајен. Таа најави дека поголемиот дел од вакцините ќе биде испорачани во странство. ЕУ е најголемиот извозник на вакцини во светот, со повеќе од милијарда дози вакцини против ковид-19 извезени во изминатите 10 месеци, колку што се испорачани и за граѓаните на ЕУ, изјави неодамна Вон дер Лајен, додавајќи дека половина милијарди вакцини ќе бидат донирани на најсиромашните земји во следните месеци.
„Вакцините произведени во ЕУ се извезени во повеќе од 150 земји на сите континенти, од Јапонија до Турција, од Велика Британија до Нов Зеланд, од Јужна Африка до Бразил“, изјави вон дер Лајен, според која, Унијата извезе исто количество на вакцини колку што се испорачани и на граѓаните на ЕУ, каде 75 отсто од возрасните граѓани се вакцинирани.

Извор: balkans.aljazeera.net


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1