ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 1:21 PM

ОПМ: Не купувајте преку фејсбук, нема можност да бидете заштитени

Во изминатите девет месеци евидентирани се 2.300 поплаки, жалби и прашања од незадоволни потрошувачи, најголемиот дел од доменот на сервисирањето на технички производи, како машини за перење или мобилни телефони. Но, многу реакции од граѓани има и во однос на услугите, како и за онлајн купувањето, најмногу преку нелегалната фејсбук продажба. Ова го посочи претседателката на Организацијата на потрошувачи на Македонија (ОПМ), Mаријана Лончар Велкова, пред презентацијата на проектот „Развој на партнерства помеѓу граѓанското општество и бизнис секторот“.
„Добра волја е на продавачот, ако сте купиле денес некој производ, да ви го врати и да ви даде нов ако е неисправен. Но, ако постои сомнеж дека е ваша вината што производот не функционира, тогаш треба да оди на сервисер. Технички сложените производи како машини за перење, мобилни, треба да имаат гарантен лист, како и кај услугите. Вториот дел поплаки се оние во однос на онлајн продажбата, фактички нелегалната фејсбук продажба која ја нарушува и фер конкуренцијата. Кај оваа продажба не се знае кој го продава производот. Апелираме граѓаните да не купуваат на фејсбук зашто потоа се јавуваат, велат дека не можат да го вратат производот и слично, а не може да интервенира ниту преку ДПИ. Едноставно, ја нема таа т.н. фирма што продавала“ вели Лончар Велкова и додаде дека, ОПМ се труди да ги едуцира граѓаните преку веб страница и телефонски.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1