ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 12:42 PM

Во Дојран годинава двојно повеќе туристи од лани

Сумираните резултати од годинашнава туристичка сезона во Дојран, за разлика од лани кога поради пандемијата границите беа затворени, покажаа оти дојранчани реализира за два пати поуспешна туристичка сезона.
Од општинското туристичко биро велат дека споредено со резултатите од 2020 година, кога биле регистрирани над 35.000 гости со остварени околу 150.000 ноќевања, годинава се регистрирани над 72.000 гости кои оствариле 300.000 ноќевања или двојно повеќе.
– Најмногу ноќевања се остварени во втората половина на јули и во текот на август, кој отсекогаш е туристички „шпиц“ во Дојран. Голем придонес во остварениот резултат имаат и транзит гостите, претежно од Србија, кои на заминување или враќање од Грција, задолжително остануваа по два до три дена и кај нас, велат од туристичкото биро.
Покрај задоволството од постигнатите резултати, во Општината било констатирано дека туристичката понуда во Дојран мора континуирано да се подобрува со отворање нови плажи или пак проширување и доуредување на постоечките плажи.

(МИА)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1