ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 12:02 PM

(Видео) Здраво, јас сум фудбалер и сум геј – Ибрахимовиќ прв го поддржа австралискиот играч кој јавно кажа дека е хомосексуалец

Во страв од стигматизација фудбалерите со хомосексуална ориентација тоа го кријат од јавноста, па јавните настапи им се навистина реткост додека трае нивната играчка кариера.
Бедемот прв го сруши австрилискиот фудбалер Џош Кавало од Аделејд Јунајтед кој по пат на видео порака објави дека бил хомосексуалец. Така стана првиот фудбалер во најсилниот ранг на некое професионално натпреварување да соопштил дека е геј и веднаш доби поддршка од бројни клубови и играчи.

„Беше тоа долг пат до оваа точка во мојот живот, но не можам да бидам посреќен поради одлуката ова да го кажам. Се борев со својата сексуалност веќе шест години и мило ми е што се ослободив“, објасни Џош Кавало.

Поради неговата храбра порака која ја видоа 10 милиони луѓе, на Кавала му се јавиле клубови како Јувентус, Барселона и Ливерпул и му се заблагодариле што не се плашел. Му се јавиле и Антоан Гризман и Жерар Пике, а можеби и најголемото име меѓу фудбалерите, Златан Ибрахимовиќ.

Легендарниот шведски фудбалер од редовите на Милан одлучил да го поддржи Кавала со неколку зборови и знамето со боите на виножитото.

„Ти си шампион. Фудбалот е за сите, ја имаш мојата голема почит“, напиша Ибра.

Извор: Mondo.rs

 

Фото:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1