ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/28/21 8:52 AM

Мики Манојловиќ го промени занимањето: Поради пандемијата се „фрли“ на садење компири и домати

Предраг Манојловиќ е активен на актерската сцена веќе пет децении, а со своите бројни остварувања важи за една од најзначајните фигури на српското глумиште. Манојловиќ публиката ќе го гледа во вториот дел од филмот Јужни ветар, во кој тој го игра ликот на нарко босот Цар, а за порталот Ало! Изјави дека неговиот живот драстично се променил како последица на пандемијата со коронавирусот.

Мики откри дека во текот на карантинот му се посветил на здравиот начин на живот и садењето зеленчук.

Актерот исто така, не крие дека жали за бројните колеги кои починаа како последица на ковид-19, истакнувајќи дека не ги разбира антиваксерите кои со своите ставови им ги загрозуваат животите на другите.

„Многу е тешко да се работи за време на пандемијата. Веднаш се вакцинирав и ревакцинирав, така што не се плашам од зараза. Иако сум свесен дека вакцината не овозможува стопроцентна заштита, сметам дека е неопходна бидејќи ги олеснува симптомите кај заболените“, изјави Мики истакнувајќи дека не ја разбира антиваксерската кампања.

„Не можам да верувам дека постојат луѓе кои не ѝ веруваат на науката, слушнав за онаа глупост дека некој се штити од корона така што става Павловичева маст во нос, тоа ми е навистина апсурдно“, посочи актерот и укажа на проблемот со ширењето на вирусот.

„Пред една година имавме свест за тоа дека некој е заразен,  но сега познаваме сѐ повеќе блиски луѓе кои имале тешка клиничка слика и од кои дел го загубил животот. Во овој период од година ипол многу актери починаа, навистина е страшно ова што се случува“, истакна актерот и откри дека во текот на карантинот се посветил на земјоделството.

 

Извор: srbijadanas.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1