ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/21 8:20 PM

Инфлуенсерка се фотографирала покрај ковчегот на починатиот татко, бројни следбеници и порачаа да се извини за тоа

Инфлуенсерката од Флорида беше критикувана на социјалните мрежи откако објави фотографии на кои позира пред ковчегот на нејзиниот починат татко.

Џејн Ривера од Мајами е ѕвезда на „TikTok“ која стана популарна благодарение на објавите за мода, патувањата и фотографиите во костими за капење.

Минатата недела на Инстаграм откри дека починал нејзиниот татко, ветеран, а потоа во специјална објава во понеделникот сподели разни фотографии на кои позира пред неговиот ковчег.

– Пеперутката одлета. Почивај во мир тато, ти беше мојот најдобар пријател. Добро проживеан живот – напиша таа во описот на фотографиите.

Медиумите објавија дека објавила осум фотографии на кои се смее, гледа преку рамото, заводливо ја држи косата со едната рака додека другата е на страна …

И додека Џејн веројатно мислеше дека ова е чувствителна почит кон нејзиниот татко, многу нејзини следбеници рекоа дека е „зло“ и „одвратно“ што таа го претвори погребот во фотосесија.

– Фактот што објавивте вакво нешто ни кажува се што треба да знаеме за вас – е само еден од коментарите на шокираните следбеници.

Бројните следбеници и порачаа да ги избрише фотографиите и да се извини за оваа објава, но инфлуенсерката отиде чекор понатаму.

Таа го избриша целиот профил, иако спорните фотографии веќе станаа вирални.

Џејн има 84.000 следбеници на Инстаграм и повеќе од 300.000 на „TikTok“.

Таа се уште официјално не се огласила ниту им се извинила на своите фанови.

Извор: Телеграф.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1