ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/21 4:00 PM

Починаа осум лица од Ковид-19, регистрирани 444 новозаразени

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа од направени 3.210 тестирања, регистрирани се 444 нови случаи на Ковид-19, оздравеле 225 пациенти, а осум лица починале.

Новите случаи се регистрирани во Скопје – 187, Куманово – 37, Kрива Паланка – 22, Штип – 20, Велес и Кавадарци – 19, Битола – 17, Тетово и Кочани – по 16, Прилеп – 15, Охрид, Струмица и Гевгелија – по девет, Неготино и Ресен – по седум, Берово – пет, Свети Николе – четири, Кичево, Радовиш и Пробиштип – по три, Струга, Делчево, Валандово, Кратово, Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по два, Виница, Пехчево и Дојран – по еден.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти, од Скопје – 158, Куманово – 14, Битола – осум, Велес – седум, Гевгелија – шест, Кочани, Струмица, Свети Николе и Демир Хисар – по четири, Штип и Пробиштип – по три, Кавадарци, Радовиш и Кичево – по два, Неготино, Кратово, Виница и Македонски Брод – по еден.

Починати се две лица од Скопје на 56 и на 46 годишна возраст и по едно починато лице од Кавадарци на 74 години, Куманово (88 години), Кочани (84 години), Струмица (73 години), Прилеп (71 години) и Тетово (69 години). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се пријавени седум починати лица со датум на смрт од 3 октомври 2021 година до 24 октомври 2021 година. Регистрирани се две починати лица од Струмица и по едно починато лице од Скопје, Штип, Кочани, Тетово и Радовиш на возраст од 49 до 78 години, од кои пет се починати во болнички услови, а три во домашни услови.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1