ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/21 2:36 PM

Ни недостасува љубов и насмевка – Лазар Митров по пауза од 25 години се враќа со четири песни

Струмичкиот пејач Лазар Митров, по пауза од  25 години повторно се враќа на музиката. За оние кои го подзаборавиле тој е познат по песните „Со Исус се родив“,„Ќе те направам каша“, „Што ќе ми е се“, но сега неговиот кам бек доаѓа со песните „Немој не оди“, „Трајко од наше село“, „Песна стара“ и дует со Аца Логос „Удри жестоко“.

– Музиката никогаш не можеш комплетно да ја откажеш што и да работиш.  Иако ме немаше, јас 25 години  не ја оставив сосема музиката, само се повлеков, бидејќи кај нас ретко кој живее само од музика.  Додека паузирав што ли се не сум работел, возев такси, држев угостителски објекти, игротека,  музичко студио, па бев и растоварач, работев на безинска, во печатница на компјутер и на крајот своја фирма од областа на ПВЦ и Алуминиум каде изработуваме панели и трговија со сите врсти на материјали за таа дејност, вели тој и додава:

-Не знам точно колку песни имам зад себе.За сите мои песните текстовите сам ги пишував, како и музиката, а видеото на последните ги направив аматерски,  покрај звукот да има и слика. Не ми е намерата професионално да го работам тоа, тоа го правам од чист ентузијазам“, рече Лазар.

Лазар се уште не одлучил дали по ова враќање музиката ќе стране негова преокупација или само екскурзија, за да си ја напилни душата со песна.

-Ќе видиме , правењето  песна не е толку едноставно. Малку ми е чуден тој начин на правење на денешната музика, мешање на ориентал со поп, рап со фолк. Но, се е работа на вкус, колку и да не ми се допага тоа е  тренд. Јас сум една поинаква генерација, музиката ја разбирам поинаку.  Сакам да се врати времето на пријателство, дружење, спортување, а чесноста пак да биде доблест. Сметам дека ни недостасува љубов и насмевка, рече Лазар.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1