ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/21 1:38 PM

Плаќа 40 евра за да го заразат со ковид-19, чуден оглас кружи во Србија

Низ социјалните мрежи во Србија кружи необичен оглас на некој Далибор. Човекот објави на својот фејсбук неверојатно барање. Бара лице кое ќе го зарази со ковид-19. За „услугата“ е спремен да плати околу 40 евра. Причината за оваа чудна понуда е што тој потоа сакал да има документ од ПЦР тест за да може навечер слободно да шета, а се плашел да прими вакцина против ковид-19.
„Плаќам 5.000 динари (45 евра) некој да ме зарази со ковид вирус. Кандидатот мора да има ПЦР тест на кој ќе пишува дека е позитивен и дека има симптоми на болеста. Потребно е само да бидеме во иста просторија околу 15-тина минути и да кашла во мене, колку што може повеќе, за побрзо да се заразам. Ова го барам од причина што, откако ќе го добијам и ќе го прележам вирусот, да направам ПЦР тест и да можам слободно да се движам низ градот после 22 часот, бидејќи се плашам да примам вакцина. Понудите пратете ми ги во инбокс. Багодарам“, стои во фејсбук објавата на Далибор.

извор: informer.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1