ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/27/21 8:58 AM

Гостиварец обвинет за пренесување заразна болест – бруцелоза, предложена парична казна

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Предлог за издавање казнен налог против еден гостиварец за кривично дело – Пренесување заразна болест од член 205 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот не постапил според прописите и издадено решение на надлежниот орган за спречување на заразните болести кај животните кои можат да се пренесат на луѓето. При извршена контрола во неговото одгледувалиште во гостиварското село Рибница, овластени службени лица од Факултетот за ветеринарна медицина во Скопје потврдиле присуство на бруцелоза кај овци и кози – информираа денеска од Обвинителството преку соопштение.

Надлежниот јавен обвинител на Основниот суд Гостивар му предложи за обвинетиот да определи парична казна од 100 дневни глоби, посочуваат од Обвинителството.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1