ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/26/21 9:41 PM

Зимските деца се посебни – Годишното време кога сте родени зборува за карактерот

Резултатите од студијата презентирани на Европскиот колеџ за невропсихофармакологија ја потврдуваат поврзаноста помеѓу сезоната, раѓањето, некои особини и карактери благодарение на биолошкиот часовник и количината на дневна светлина во моментот на раѓање.

Овие карактерни црти и склоности се позабележливи во зрелоста отколку во детството.

Ако сте родени во пролет

Родените во пролет се весели и имаат попозитивен поглед на животот од луѓето родени во другите годишни времиња.

Пролетните бебиња често покажуваат оптимизам, бидејќи децата се многу амбициозни, авантуристи и полни со ентузијазам. Исто така, не им треба многу време за да се интересираат за некоја идеја. Тие често имаат одреден уметнички талент, а најмалку од сите се склони кон депресија.

Ако сте родени во лето…

Родените во лето се склони кон промени во расположението, кои не мора да имаат конкретна причина.

Летните деца се повеќе склони кон нервоза од оние кои се родени во други годишни времиња. Кавгаџии се, заљубени и често ја менуваат работата.

Ако сте родени наесен…

Студијата покажала дека без оглед на тоа што се родени во сезоната која се смета за депресивна, есенските деца не се склони кон депресија. Не се преголеми оптимисти, но имаат приземен карактер, што придонесува да имаат најмал ризик од развој на ментални нарушувања.

Тие се физички активни и претежно се талентирани спортисти.

Ако сте родени во зима…

Овие луѓе се карактеризираат како емотивно најстабилни, односно најотпорни се на емоционален стрес, тврдат унгарските истражувачи кои објаснуваат дека на тоа влијае и поголемите количини на сонце што го апсорбирале за време на бременоста на нивната мајка.

Зимските деца се генерално исклучително интелигентни, размислуваат брзо и како возрасни се водат повеќе од разумот отколку од чувствата. Тие се карактеризираат со силни ставови и доследност.

Извор: Србија24.ком


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1