ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/26/21 4:53 PM

Јас сум „повампирена Хурем“, копнеам по свински уши и опашки – Познатата Србинка за „харемскиот“ живот во Дубаи

Јелена Бин Драи, која се здоби со популарност како Мис на Југославија, повеќе од десет години живее во Дубаи, каде се омажи за локалниот шеик Саид Бин Драи, чие богатство се проценува на две милијарди долари.

Двојката има и четири деца, деветгодишната Асија, една година помладата Хилал, шестгодишниот Хамдан и бебето Рашид. Но, со оглед на фактот дека е мажена за шеик, Јелена често се соочува со бројни навреди и стереотипи, како на пример дека е „сиромашна жена во харем“, за што се осврна во интервју за Телеграф, нарекувајќи се себеси „повампирена Хурем“.

„Да бидам искрена, да фрлав камен на секое куче што лае по мене, немаше да стигнам далеку“, рече поранешната мисица, сега успешна претприемачка, која ги коментираше и коментарите за тоа како живее во харемот. „Секако дека живеам во харем. Јас сум повампирена Хурем. Мојот сопруг е Султан Величествениот, тоа веќе го знаете, а за среќа има уште 147 жени и за време на оваа пандемија не морам да го трпам и да го гледам секој ден“, низ смеа рекла Јелена, па открила како изгледа нејзиниот живот во Дубаи.

„Кога не се занимавам со сопругите на султанот и ми остануваат час или два слободно време, тогаш под „Бин Драи Капитал“ го водам здравствениот сектор, IT-Tech start-up секторот, градинката и уште неколку компании. Некогаш се занимавам со деца, само за да се сетат која им е мајка. Тренирам, а навечер шетам на плажа кога ќе ја отклучат оградата од мојот златен кафез“, изјави неодамна во свој стил поранешната манекенка.

Успехот, тврди таа, е единственото нешто што луѓето никогаш не го простуваат, па новинарите на споменатиот медиум ја прашале дали мисли дека тоа е причината поради која често е мета на критичарите.

„Не сум сигурна каков успех мислиш. Бизнис или за што добро се омажив?“, праша Јелена, која еднаш годишно ја посетува родната Србија. Со оглед на тоа што поради тоа што е мажена за муслиман наидува на навреди на сметка на исхраната, тоа духовито го прокоментира и Јелена.

„Во Србија доаѓам кога ми дозволуваат обврските околу палатата и кога копнеам по свински уши и опашки, само се надевам дека султанот нема да го прочита ова“, заклучила таа.

Извор: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1