ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 10/26/21 2:27 PM

Данела Арсовска имала бугарско државјанство, СДСМ објави документ од министерството за правда во Софија

Пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска денеска обвини дека Данела Арсовска, независен кандидат за градоначалник на Град Скопје, а поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, имала бугарско државјанство.

Петровска покажа документ од бугарското Министерство за правда, според кој наводно Арсовска во 2011 година се стекнала со државјанството, а указот го потпишал бугарскиот потпретседател.

„Денес обелоденуваме уште една тајна, чувана и криена од Арсовска. Ова е го документот, Арсовска во 2011 година се стекнала со бугарско државјанство, рече Поповска.

Во „Удостоверение” од бугарското министерство за правда, што го објави СДСМ, се наведува дека вицепретседателот на Бугарија со Указ од 2011 и дал на Арсовска бугарско државјанство. Или како што пишува:

„Вицепрезидент на Република Блгарија с Указ номер 33 от 28.04.2011 година Е ДАЛ блгарско гражданство на Данела Арсовска”, тврдеше Петровска.

СДСМ ја обвини Данела Арсовска дека десет години имала резервна татковина и дека не можела да се грижи за интересите на скопјани кога имала бугарски пасош и била почесен конзул на Унгарија.

„ Од кои побуди г-ѓо Арсовска побаравте бугарско државјанство? За чии интереси одработувате? Почитувани граѓани, ова е класично потценување и навреда на скопјани. Зарем мислите дека скопјани ќе дозволат некој кој е инсталација на Груевски од Будимпешта, некој кој е државјанин на друга држава, да го руши градот. Г-ѓо Арсовска уште колку тајни криете вие од скопјани?“, обвини владеачката партија СДСМ.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор и фото: СДСМ

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1